Бројот на починати од новиот коронавирус во централната кинеска провинција Хубеи се зголеми за 132, достигнувајќи 1.921, соопшти здравственаta комисија.Во провинцијата се регистрирани 1.693 нови случаи, со што вкупниот број заразени е 61.682.
Најголем број смртни случаи има во главниот град на провинцијата Вухан, за кој се верува дека во него почна ширењето на заразата. Во Вухан се пријавени 116 нови смртни случаи, а во градот досега починале 1.487 луѓе од новиот коронавирус.