Обраќајќи се пред пратениците на неговата владејачка Партија на правдата и развојот, Ердоган истакна дека Турција е решена да го направи Идлиб безбедна зона, без оглед на трошоците, дури и додека продолжуваат разговорите со Русија, која го поддржува сирискиот претседател Башар ал-Асад, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин вчера објави дека Турција ќе распореди повеќе војници во сириската провинција Идлиб и ќе бара одмазда за нападот на владините сили, додека Анкара продолжува со разговорите со Москва за ситуацијата во Сирија.
Тој рече дека Турција ќе продолжи да испраќа трупи во Идлиб за да обезбеди безбедност за цивилите и целиот регион.
Делегациите на Русија и Турција се состанаа во вторникот, втор ден по ред во Москва, за да разговараат за ситуацијата во Идлиб, но не е постигнат видлив напредок.