Семејството на поранешната водителка Каролин Флек, која си го одзеде животот, објави нејзина порака на Инстаграм, која останала необјавена и била напишана непосредно пред нејзината смрт.
Во необјавениот пост на Инстаграм, 40-годишната жена напишала : „Цел свет и иднината ми се излизгаа под моите нозе“, мислејќи на моментот кога била уапсена поради нападот врз нејзиното момче.
Мајката на водителката на „Лав Ајланд“, ги сподели нејзините зборови, за кои Флак беше советувана да не ги објавува.
Телевизиската презентерка беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во саботата, неколку недели пред да се одржи судењето под обвинение дека го нападнала нејзиното момче, Луис Бартон во декември минатата година.
Флак се изјасни дека не е виновна за наводниот напад на судското рочиште во декември и беше ослободена со кауција.
Ѝ беше наредено да престане каков било контакт со Бартон пред судењето, што требаше да започне во март.