Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска пред судот сведошече
на рочиштето за „Монструм“ и раскажа како била известена за настанот и иницијалните чекори во истрагата.
-Вечерта кога се случи настанот, практично во доцните вечерни часови, добив известување од Центарот за известување состојби на вообичаен начин, како и за сите настани преку смс со краток опис што е пријавено и кога е пријавено. Истовремено добив телефонски повик од тогашниот командант на „алфите“, Ивица Анчевски и ми ја даде истата информација. Во таа прилика го прашав дали тоа е информација од ДОЦ или од терен ја добил. И колегите од тоа подрачје преку радио врска известиле за настанот кој што се случил. А, потоа следеа и серија повици од старешини, сведочеше Јанкуловска,
Таа побарала од Анчевски да оди на лице место и да ја информира што гледа и што е релевантно да му соопшти, а потоа телефонски разговарала и со Љупчо Тодоровски, тогашниот директор на БЈБ со кој се согласиле за целосна мобилизација на полицијата, одлука која била според правилникот за работа на полицијата.
-Беше ден пред празник со споени денови и направивме напори сите кои се на располагање да дојдат на работа и да се започне со активности, рече таа.
Јанкуловска сведочеше дека бил формиран и оперативен штаб кој функционирал се до поднесувањето на кривичните пријави против лицата осомничени.
-Имаше информација дека наводно се работи за пресметка меѓу криминални структури која не беше релевантна според профилот на жртвите, дека можеби се работи за имотен спор, некаков тип одмазда. Секакви информации стигаа. Сите беа проверувани. Имаше многу тези, разговори, информации, гласини од официјални лица на вработени во полицијата. Се споделуваа тие информации и со мене. Но далеку од тоа дека имавме сознанија за да се тврди за сомнителни лица на самиот почеток од истрагата. Имаше толку многу информации од кои не можевме да ја најдеме почетната точка. Секоја информација се проверуваше и за на крај да се следи една теорија на случај, сведочеше Јанкуловска.
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да сведочат Синиша Алексовски и Љупчо Тодоровски-Радникот.