Израелската актерка Митал Дохан (40) се пожали и ги напушти Ал Пачино, кој ја толкуваше главната улога во легендарната филсмак трилогија „Кум” и многу други мафијашки филмови, изјавувајќи дека 79-годишниот актер е престар.
–Разликата во годините си го направи своето. Се обидов да не обрнувам внимание, но тој навистина е стар. Многу го сакав, но тоа не можеше да продолжи, изјави Дохан.
Покрај тоа, вели таа, Ал Пачино не сакал да троши пари. За целиот период во кој биле заедно, тој и подарил само букет цвеќе.
Ал Пачино имал многубројни врски, но никогаш не се оженил. Актерот има три деца. Заработката од филмовите во кои глумел изнесува околу 180 милиони долари.