Кавги и тензии на „Монструм“ на сведочењето на Јанкулоска

Поради тензии и расправија за време на сведочењето на поранешната министерка Гордана Јанкулоска судиите во постапката за „Монструм“ дадоа пауза од 15-тина минути, објави МКД.мк.

По серијата прашања од обвинителката и одбраната, прашање имаше и обвинетиот Фејзи Азири. Тој Јанкулоска ја прашуваше дали се сеќава на разговор направен неколку дена по петкратното убиство со тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и околу тоа од каде таа знае за вештачење кое, како што тврди обвинетиот, не било изготвено, а се однесува на трагите од земјата на гумите на автомобилот „опел омега“.

На серијата прашања реагираа обвинителите со укажување до судот дека обвинетиот на некој начин го малтретира сведокот.

Адвокатот Рауфи ѝ рече на Фетаи дека не треба да вика хистерично во судот, укажувајќи ѝ дека повеќе не специјален јавен обвинител. Адвокатите Насер Рауфи и Асмир Алиспаиќ ѝ возвратија дека не ја почитува пресумпцијата на невиност и дека за овие лица Врховниот суд веќе еднаш ја укинал пресудата. На ова реагираше Горан Наќевски, татко на убиениот Александар, кој гласно извика дека пресудата ја укинале од ДУИ и дека адвокатот Насер лаже.

Кавгата и тензијата во судница се обидоа да ја смират судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев. Судијата Шабани ги замоли родителите да се смират и да не дофрлуваат, бидејќи ќе биде приморан да ги казни.

 

Треба да знаете
Последни објави