Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Кристијан Мицкоски и неговите придружници од партијата денеска во Охрид, во рамките на теренските активности кои што ги имаат изминатиов период посетија еден успешен производствен комплекс ОДВ Електрик.
-Разговаравме со менаџментот на компанијата, разговаравме со вработените, ни ги кажаа своите планови за развој во иднина овде во Македонија знаете тоа е странска инвестиција која што веќе егзистира подолго време, вработува некаде околу 500тина луѓе и планот им е да стигнат некаде околу 1000 луѓе, да го зголемат производството, а на тој начин да се зголеми практично додадената вредност во македонската економија.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ ги презентиравме нашите економски политики, оние кои што веќе и се познати на македонската јавност во делот на враќање на рамниот данок и комплетното укинување на прогресивното оданочување.
Тука стануваше збор и за сите оние царински давачки кои што во овој момент им претставуваат навистина товар кој што претставува проблем, парафискалните давачки, процедурите, царинските и останатите процедури.
Но, истовремено разговаравме и за она кое што претставува најсериозен проблем и предизвик би рекол за сите работодавачи, а тоа е да се најде суровина односно квалитетна работна сила, поради имиграцијата и поради практично сето она намалено би рекол ете производство кое што доаѓа од образовниот систем.
Но, и за тоа ќе има дел и во програмата. Продолжуваме од тука во Екошпар каде што повторно ќе разговараме со менаџментот, потоа сме со просветните работници, ќе разговараме и со нив,, и со занаетчиите и со останатите припадници во реалниот сектор.