СДСМ во континуитет работи на обезбедување стабилна економија и подобрување на животниот стандард на граѓаните преку низа прогресивни мерки. Ветивме “пари назад кај граѓаните” и тоа го остваруваме. По втор пат граѓаните на своите трансакциски сметки добиваат исплата на парични средства преку мерката МојДДВ. 8 милиони и 567 илјади евра е вкупниот поврат којшто граѓаните го оствариле преку скенирање на фискални сметки во периодот од 1 јули 2019 до 31 јануари 2020 година. Само досега преку Управата за јавни приходи, над 6 милиони евра се исплатени кај над 325 илјади граѓани. Преку мерката МојДДВ за прв пат директно од Буџетот кај граѓаните се враќа дел од платениот Данок на додадена вредност.
Оваа револуционерна мерка е препознаена и поддржана од граѓаните. Им ги враќа парите назад на граѓаните и ја намалува сивата економија. Резултати покажуваат успешна реализација и во делот на наплатата на МојДДВ. Во 2019 година наплатата на ДДВ од 52 милијарди денари е за 5,7% повисока во однос на 2018 година.
По воведувањето на МојДДВ наплатата споредена со месеците јули-декември 2019 со периодот јули декември 2018 година покажува зголемување во просек за 11,2%. СДСМ е одговорна партија, се грижи за сите граѓани и ги враќа парите назад кај граѓаните. Со повратот на 15 отсто од платеното ДДВ се обезбедува дополнителен приход на крајот од годината во секое домаќинство.
После години осиромашување на граѓаните, минималната плата се зголеми на 14.500 денари, платите во повеќе сектори растат, а над 106 илјади вработени за последните два и пол месеци добија повисоки плати, преку субвенционирање на придонеси за покачување плати.
Пензионерите добиваат пензии повисоки за 722 денари, тројно се зголеми социјалната помош, се укина радиодифизната такса и се врати евтината струја. По 12 април продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, подобрување на животниот стандард и повеќе пари во семејните буџети.