Петровска: Постапката за набавка на обрасците за лични документи е во тек

Постапката за набавка на обрасци за лични документи е во тек, изјави дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

„Во интерес на вистинито информирање на граѓаните и спречување дополнителни тензии наметнати од непромислената изјава на техничкиот министер, побарав информација од службите во врска со нарачката на личните документи со новото уставно име и ме известија дека: согласно склучената Рамковна спогодба за јавна набавка за лични документи, а потоа и договор за нарачка според кој е исплатен аванс од 20% од вредноста на договорот, постапката за набавка е во тек“, објави Петровска.

https://www.facebook.com/slavjanka.petrovska/posts/10220604817373055

Таа наведува дека проектните тимови на МВР и „Веридос“ се во постојана комуникација и работат на дефинирање на конечниот изглед. Петровска вели дека роковите за нарачка не се истечени и штом се дефинира конечниот изглед и истиот се одобри од страна на Управниот комитет и се уреди во подзаконски акт, ќе се потврди нарачката и обрасците ќе бидат испорачани.

„Истовремено, упатувам апел во иднина информациите кои ќе се изнесат во јавност да бидат проверени и потврдени од стручните служби во министерството“, вели Петровска.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, денес извести дека на располагање имаат 3.400 пасоши. кои ќе се издаваат само на ургентните случаи сè до 24 март кога очекуваат да пристигнат 100.000 нови обрасци за пасоши.

Во интерес на вистинито информирање на граѓаните и спречување дополнителни тензии наметнати од непромислената изјава на техничкиот министер, побарав информација од службите во врска со нарачката на личните документи со новото уставно име и ме известија дека: согласно склучената Рамковна спогодба за јавна набавка за лични документи, а потоа и договор за нарачка според кој е исплатен аванс од 20% од вредноста на договорот, постапката за набавка е во тек. Проектните тимови на МВР и Веридос се во постојана комуникација и работат на дефинирање на конечниот изглед. Роковите за нарачка не се истечени, штом се дефинира конечниот изглед и истиот се одобри од страна на Управниот комитет и се уреди во подзаконски акт, ќе се потврди нарачката и обрасците ќе бидат испорачани.
Истовремено, упатувам апел во иднина информациите кои ќе се изнесат во јавност да бидат проверени и потврдени од стручните служби во министерството.

Треба да знаете
Последни објави