Според информациите на ТВ21 во тек е полициска акција во селото Крушопек, Сарај.
Запленет е кокаин, иако засега точно не се знае колкава количина завршила во Крушопек, сепак неофицијални извори за ТВ21 велат дека се работи за околу еден тон.
Првичните информации велат дека пратката прво стигнала од Америка во Бар, Црна гора, а потоа требало да се транспортира во Копер, Словенија.
Акцијата со претреси во Крушопек поради недозволема трговија со дрога ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности”.
Повеќе детали за акцијата е најавено дека ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.