Пратеничкиот состав на СДСМ и коалицијата во Собранието на Република Северна Македонија, работеше посветено и за само три години, донесе низа историски одлуки кои ја обезбедија иднината на државата и го трасираа патот на успехот и напредокот.
Последен и најзначаен пример за тоа е усвојувањето на Законот за јавно обвинителство и на Законот за Советот на јавни обвинители, со што се заокружија реформите во правосудството. На овие два закони им претходеа Законот за судови и Законот за судски совет со што се постави темелот на судските реформи, поддржани и од нашите меѓународни пријатели, ЕУ и САД.
Се создадоа услови за градење на силна правна држава, ослободена од притисоци, ослободена од политички влијанија.
Ратификувањето на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, ги затворија децениски отворените прашања и се отворија европските перспективи.
Со ратификацијата на Северноатлантскиот договор, најважниот меѓународен документ во историјата, ја обезбедивме иднината во НАТО
Во насока на унапредување на демократијата и заштита правата на граѓаните беа донесени низа законски решенија од повеќе области.
Беше усвоен Закон за заштита од дискриминацијата, кој е пример како се подготвува закон во соработка со невладиниот сектор.
Преку сосема нов Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси се унапреди законската регулатива за борбата против корупцијата.
Собранието обезбеди избор на нов и целосно независен состав на Државната комисија за спречување на корупцијата,законска регулатива која обезбеди реформа во безбедносниот сектор, унапредување на ефикасноста и квалитетот на безбедносните структури, но и заштита на граѓаните од злоупотреба и прекршување на човековите права како што беше масовното прислушување во времето на режимот.
Од исклучително значење е дека законите за агенција за национална безбедност, за координација на безбедносно разузнавачка заедница, за следење на комуникациите, за оперативно техничка агенција , кои се основата на реформите во безбедносниот сектор, беа донесени заедно со опозицијата.
Парламентарниот состав на СДСМ и коалицијата покажа одлучност во намерата Република Северна Македонија да стане европска држава со европски вредности.
На тој пат продолжуваме и по победата на 12 април.