ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски во очај продолжуваат да измислуваат и да пласираат лажни вести, а најповикан за тоа е токму Николовски, се вели во соопштение за јавност на СДСМ како реакција на прес-конференцијата одржана од потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски.
ВМРО-ДПМНЕ е толку безидејно и очајно што тргна во секојдневни и неосновани напади врз претседателот Заев и членови на неговото семејство. ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски знаат дека се поразени од сите што и мислат добро на земјата и затоа постојано измислуваат и и неуспешно се обидуваат да пласираат лажни вести.
А најповикан за лажни вести во белиот дворец е токму потпретседателот Николовски кој веќе еднаш загуби на суд за изречена клевета.
Стравот во белиот дворец кулминира со носењето на Законот за јавно обвинителство и неуспехот на извршителот Мицкоски да одбрани криминал.
СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата.
Ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да ја вратат државата чекор назад во изолација, режим и неказнивост.
Бадијала им се лажните вести и конструираните случаи. Граѓаните се цврсто определени за еввропска иднина со СДСМ и затоа на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!