Извршителот Христијан Мицкоски ги навредува сопствената држава и сопствениот народ – земјата што влегува во НАТО е земја во развој, а не земја во стечај! Стечајниот управник на ВМРО ДПМНЕ на најрасипничката партија со долг од над 8 милиони евра не може да ја води државата! – се вели во соопштение за јавност на СДСМ како реакција на изнесени ставови на Мицкоски.
ВМРО ДПМНЕ сами си призна дека се најнедомаќинска и најрасипничка партија во Република Северна Македонија на чело со стечајниот управник и извршител на Никола Груевски, осуден криминалец и почесен претседател на ВМРО ДПМНЕ кој ја задолжи земјата со милијари евра, а неговата партија со милиони!
Граѓаните лесно може да претпостават што би се случило кога овие двајца недомаќини, Мицкоски и Груевски повторно би ставиле раце во државниот буџет!
Ако својата партија ја заглавиле со милиони евра, тогаш јасно е што би правеле со парите на граѓаните!
Почитувани граѓанки и граѓани, по признанието дека ВМРО-ДПМНЕ должи околу 8 милиони евра, Христијан Мицкоски ѝ должи на јавноста одговори на многу прашања:
Наместо да пишува фејсбук статуси Мицкоски треба да одговори кога и кој ги направил тие милионски долгови на ВМРО-ДПМНЕ и дали тие пари се потрошени на луксузните лустери, скап мебел, персиски теписи, дисплејот од речиси 100.000 евра и уметничките слики од неколку стотици илјади евра?
Колку банкарски сметки поседува ВМРО-ДПМНЕ и дали позајмените 8 милиони евра воопшто легнале на сметките на ВМРО-ДПМНЕ?
Колкава е вредноста на луксузната палата на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со земјиштето под неа и луксузните предмети во неа и на сиот замрзнат имот ширум државата, кој го стекнаа за време на нивното криминално владеење?
Граѓаните на 12 април ќе го казнат стечајниот управник Христијан Мицкоски, извршителот на Груевски, кои ја задолжија земјава со милијарди евра, а нивната партија со милиони евра, потрошени на барок и луксуз.
Граѓаните нема да дозволат повторно да бидат крадени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивното криминално раководство и затоа уште еднаш ќе ги поразат на 12 април.