Група севернокорејски бегалци основаа политичка партија во Јужна Кореја со цел да бидат претставници на 33.500 луѓе кои избегале од Пјонгјанг и се противници на помирувањето со Северот.
– Ние отсекогаш сме биле сметани за малцинство и странци, изјави Ким Џо-ир генерален секретар на новата Партија за обединување Југ-Север на основачкото собрание во Сеул.
Според него, пребегнатите од Северот „веќе се иднината на обединувањето”.
Одлуката за формирање партија е знак дека луѓето кои побегнале од Северна Кореја сакаат д играат поголема политичка улога пред парламентарните избори во април.