Пејачката на хитот Chandelier има два албуми спремни за издавање.
Запрашана од фановите за нејзините планови за 2020 година, австралиската музичарка Сиа наводно соопштила дека во подготовка се два албума кои веројатно ќе излезат веднаш по нејзиниот филм Music.
Таа, исто така, додаде дека во тек се неколку соработки, а засега е познато дека музичарката планира студиско дружење со јужнокорејскиот бенд BTS со цел да комплетира една песна што ќе се појави на нивниот нов албум.
Филмот „Музика“ беше најавен на филмскиот фестивал во Венеција во 2015 година.
Првично планиран за октомври 2019 година, објавувањето на филмот беше одложено до декември 2019 година, пренесуваат медиумите.
Британскиот веб-сајт за музика додава дека актерката Кејт Хадсон и танчерката Меди Зиглер, и двете редовно се појавуваат во видеата во Сиа, се вклучени во проектот заедно со Лесли Одом Јуниор.
Последниот албум на Сиа, Everyday Is Christmas беше објавен во 2017 година.
Австралијанската пејачка имаше огромен успех со своите хитови Chandelier и Hunger Games, а не сака никој да знае како изгледа. Таа своето лице го крие со огромни перики, а во 2013 година се појави на насловна на магазинот „Билборд“ со книжна кеса на главата.
Запрашана од новинари зошто го крие своето лице, таа одговори дека сака да има приватен живот, односно да не ја препознаваат на улица. Таа мрази да биде славна и не сака никој да знае како изгледа.