По најавата на албанскиот претседател Илир Мета за одржување протест на 2 март и повикот до граѓаните за масовно учество, реагираше Елиса Спиропали, државен министер за односи со Парламентот и владин портпарол.
Во реакцијата објавена на Твитер, Спиропали наведува дека на претседателот не може да му помогне ни народот. Според неа, сожалувањето за Илир Мета нема крај.
„Денеска се поставува прашањето зошто на Претседателот му избегал од контрола говорот и нема повеќе никаква контрола над Илир Мета. Ова е познато. Прашањето е зошто Илир Мета ја дочека донаторската конференција онака, за да повторно го направи Претседателот партал,напиша Спиропали.
Додава дека сожалувањето за Претседателот нема крај.
„Господ нека му помогне на Илир Мета затоа што не може да му помогне ниту Љуљзим Баша! Народот не и не. Што се однесува до државниот преврат, тој почна во главата на Илир уште од кога започна правосудната реформа и ќе продолжи секогаш кога во консензус со САД и ЕУ ќе донесеме закони кои му се чинат државни удари,напиша таа.
Експресно со навреди,нарекувајќи ја луда, на реакцијата на Спропали реагираше Теди Блуши,портпарол на Мета.
„Чувајте ги цврсто олигарсите бидејќи тие се од доверба .Што се однесува до народот, тоа ќе го видите многу наскоро!Уште малку трпеливост!Со смиреност и правда!За говорот надвор од контрола, немаме коментар,бидејќи ти не однесе во оваа насока со твојот Скендербег “,напиша меѓу другото Блуши на Фејсбук.
Претседателот Мета го повика албанскиот народ да излезе на плоштадот „Народни херои” за да го почнат „разбивањето на државниот удар”. Повторно обвинувајќи ја владата за државен удар, рече дека е дојдено време институциите да се вратат во рацете на народот.