Селекторот на машката кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров го избра 12 јунаци со кои ќе атакува на старт со победа во квалификацискиот циклус за ЕП-2021 на утрешниот меч (20.15 ч.) во СЦ „Борис Трајковски“ против Естонија. Од кошаркарите кои ги имаше на располагање на неколкудневните заеднички подготвки Тодорво се одлучи за следните 12-мина: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Андреј Магдевски, Андреј Јакимовски, Шејн Витингтон, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Марко Симоновски и Кристијан Николов. Со овие играчи македонија ќе анстапи и на вториот квалифиакциски дуел кој на 23 февруари ќе го одигра со Русија во Перм.
Од листата со кандидати отпаднаа: Филип Бакоч, Виктор Ефремоски и Марко Миловановиќ кои ќе мораа да почекаат друга шанса за настап во националниот тим.
На вечерашниот тренинг препрезентаивците ги посетија претседателот на федерацијата, Перо Антиќ и спортскиот директор Тодор Гечевски.