Лондонскиот аеродром „Хитроу“ откажа неколку летови поради авион, кој блокирал една од пистите, објави сајтот „Ерлајв“.
„Полетувањата се откажани на лондонски „Хитроу“. Летало ја блокира пистата 27Р на „Хитроу“, наведе сајтот.
Во меѓувреме, летовите продолжија.
„Хитроу сега функционира нормално“ навела портпаролката на аеродромот, додавајќи дека пистата не функционирала неколку минути, колку што било потребно за авионот да се тргне од неа, пренесе Ројтерс.