Околу 60 проценти од аранжманите на кинеските туристи се откажани во февруари и март, а вкупната штета допрва треба да се процени, изјави српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љаиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Љаиќ додаде дека сè уште нема откажувања за втората половина на април кога во Србија доаѓаат повеќето кинески турист.
-Ние правиме се што можеме за да ги минимизираме штетите предизвикани од недоаѓањето на туристи, изјави Љаиќ за РТС, додавајќи дека Србија нема да воведе мерки за забрана за кинеските туристи, како Русија, која им забрани влез на на кинеските туристи на нејзината територија поради епидемијата со коронавирсот.
-Конечната штета ќе може да се каже дури кога кризата ќе помине, кажа Љаиќ кој наведе дека Европската комисија за туризам проценува дека во Европа ќе има помалку од седум до 25 проценти кинески туристи.
-Опсегот е голем затоа што не е познато колку ќе трае кризата, што значи дека ќе има помалку од еден милион до 3,7 милиони туристи. Авиокомпаниите страдаат многу, само во првиот квартална се проценува штета од 4 до 5 милијарди американски долари, изјави српскиот министер за туризам.
Тој наведе дека Србија подготвува кризен план за да ги надокнади штетите со недоаѓањето на кинеските туристи, преку преорентација кон брзорастечките пазари, како што се германскиот и руски пазар и засилување на кампањата во регионот.
Според изјавата на срспкиот министер за туризам дадена на почетокот на годината, кинесеките туристи се први според бројот на посетите на Србија во 2019 година и имаат остварено 300.000 ноќевања.