Џена Деван се вери

Џена Деван откри дека се верила со партнерот Стив Кази.

Познатата актерка и танчерка (39) убавата вест ја објави на Инстаграм во вторникот.

А во објавата, бремената ѕвезда го покажа веренички прстен од Стив Кази, нацрта срце и напиша дека тој го има нејзиното срце.

Таа сподели и снеп со свршеникот.

Покажувајќи го прстенот со дијаманти, Џена, која е бремена со своето второ дете, напиша за љубовта на нејзиниот животот.

„Цел живот да сакам и да растам со тебе…го имаш моето срце,“ напиша Џена до фотографијата за своите шест милиони следбеници на Инстаграм.

И Стив сподели фотографија на својот Инстагарм проследена со романтичен текст: „Кога ќе се разбудиш наутро, ќе ти го бакнам лицето со насмевка што никој досега не ја видел. Кога ќе се разбудиш ќе ти ги бакнам очите и ќе кажам дека сум ги сакал сите овие години.“

Треба да знаете
Последни објави