Шпанската морнарица соопшти дека спасила 24 мигранти недалеку од Канарските острови, северо-западно од брегот на Африка и сè уште трага по 53, кои се пријавени како исчезнати најмалку два дена.
Во потрагата учествува и авион, меѓутоа е отежнета поради временските услови, пренесува „АП“.
Меѓу 24-те мигранти кои беа пронајдени и спасени во вторникот имало девет жени и едно бебе, и тие се префрлени во пристаништето на островот Гран Канарија, кој е еден од седумте острови во архипелагот.
Шпанските власти првично ја почнаа потрагата по околу 140 исчезнати мигранти кои пловеа во пет чамци, но подоцна ја намалија потрагата на две чамци со по 26 мигранти.
Помеѓу 1 јануари и 15 февруари, повеќе од 1.000 мигранти пристигнале на Канарските острови, што е многу поголем број отколку во истиот период минатата година кога пристигнале само 66.