Фудбалерот на Ливерпул е на излезна врата на „Енфилд Роуд”. Како што пишуваат британските медиуми, тој нема да го продолжи договорот со „црвените” и ќе стане слободен играч во потрагата по нова средина во кариерата.
Лалана е во Ливерпул од 2014 година по трансферот од Саутемптон за 25 милиони фунти.
Како можна дестинација за него се споменува Лестер на чие кормило е Брендон Роџерс, менаџерот кој и го ангажира Лалана во Ливерпул пред шест години.