Трамп: Да не сум претседател би тужел, а можеби и ќе тужам
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека треба да бидат отфрлени сите случаи кои произлегле од „измамничката истрага“ на специјалниот обвинител Роберт Малер за руското мешање во претседателските избори во 2016 година.
Тој навести дека поради истрагата би можел да покрене судска постапка.
– Се што е поврзано со оваа измамничка истрага е целосно несигурно и според мое мислење, би требало да биде отфрлено. Да не сум претседател би ги тужел во сите кои се во таа приказна… можеби и ќе тужам, истакна Трамп.