На 18.02.2020 околу 07.45 часот на локалниот пат од с.Банско за с.Робово, на влезот во с.Робово, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Ново Село“ запреле товарно возило „ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(62) од Скопје. При преглед во возилото биле пронајдени пет лица мигранти, од кои две од Авганистан и три од Пакистан. Д.Д. бил лишен од слобода и заедно со мигрантите биле спроведени во СВР Струмица. Против Д.Д. е поднесена кривична пријава до ОЈО, а по наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци Гази Баба Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.