Срамота е СДСМ да зборува за социјална правда. Без никаков срам се фалат дека работеле на извлекување на сиромаштијата, а поради нивните погубни политики над 500 000 граѓани во државата живеат под прагот на сиромаштија. Без никаков срам се фалат дека ја зголемила социјална помош за 300%, а всушност тоа претставува збир на сите права до социјалната помош.
Се фалат дека граделе детски градинки, но ги нема ветените во нивниот таканаречен „План за живот“. Гарантираа и специјални едукатори во градинките, но и нив ги нема.
Без никаков срам се фалат дека водат грижат за пензионерите и ги покачиле пензиите, но не го кажуваат податокот дека по законот за порамнување на пензиите им ги скратија пензиите. Во првите 6 месеци од 2019 со промена на законот за пензиско и инвалидско осигурување тие одземаа 445 денари, а во вторите 6 месеци од 2019 година им одземаа дополнителни 705 денари. Ова всушност значи дека за целата 2019 година СДСМ на пензионерите им одзема 6 900 денари или по 575 денари месечно. Се фалат дека го решиле проблемот со стечајните работни, но граѓаните добро знаат дека оваа категорија на граѓани постои поради претходните политики на СДСМ. Крајот на СДСМ доаѓа. По 12 Април следува Обнова на Македонија.