Бернското планинско куче наречено Паркер снежното куче, беше избрано за почесен градоначалник на Џорџтаун, Колорадо, пренесува „Спутник“.
Крзнениот нов градски лидер не е познат само по својата политичка кариера, тој исто така е терапевтско куче за локалната заедница со посебни потреби и маскота на скијачката област „Ловленд“, а е многу популарен и на социјалните мрежи со 16.800 следбеници на Инстаграм.
Како што му доликува на државен службеник, новоизбраниот крзнен градоначалник пристигнал на церемонијата за инаугурација со патриотски очила и вратоврска.
Паркер ја положил заклетвата за градоначалник пред судијата Линет Келси. Паркер доби едногласна поддршка од градскиот одбор на 11 февруари.