Комисијата за финансирање на политичките партии во Собранието на Словенија расправа по информациите на порталот Нецензурирано за наводно унгарско финансирање на партијата на Јанез Јанша и медиуми блиски до него.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, на сослушување е и поранешниот гувернер на Банка Словенија. Како што информираше претседателот на Комисијата, пратениците се блиску до заклучок.
Сепак, тој во оваа фаза не сакаше ниту да ги потврди, ниту да ги демантира информациите на Нецензурирано, кои пишуваа дека пари од Унгарија преку разни канали се влевале во Словенија и со нив се финансирала СДС (Словенечка демократска партија) на Јанша и медиуми блиски до нив.