Вчера околу 16.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Трговскиот центар „Сити мол“ ги лишиле од слобода К.Г.(44) од Албанија и П.Г.(49) од Италија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Тие биле задржани во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка, информира полицијата.