На крајот од јануари во Хрватска имало 1,52 милиони вработени што е за 1,4 проценти или за 21.123 лица помалку од крајот на декември, а регистрираната стапка на невработеност изнесува 8,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во однос на јануари 2019 година, бројот на вработени е поголем за 2,3 проценти.
Според податоците на ДСС, на крајот на јануари годинава, во правни лица се вработиле 1,3 милиони лица, што е за 1,4 проценти или за 18.089 помалку од пред еден месец и за 2,4 проценти повеќе отколку во јануари минатата година.
На месечно ниво, најмногу е зголемен бројот на вработените во здравствениот и социјалниот сектор – 2,8 проценти, на вкупно 100.800 лица.
Во исто време, бројот на вработени најмногу се намалил во угостителството и туризмот, за 12,2 проценти, на 71.949 вработени.
Бројот на вработени во преработувачката индустрија, во кој работат најмногу луѓе, е намален за 1,1 процент на 226.088 лица, додека во трговијата на големо и мало се зголемил за 0,8 проценти на 204.332 лица.
На годишно ниво најмногу се зголемил бројот на вработените во градежништвото, за 9,7 проценти, додека најмногу се намалил бројот на вработените во производството, за 0,9 проценти.