Чанинг Татум и Џена Деван ќе користат апликација за заедничко родителство на ќерката

Актерот Чанинг Татаум и неговата поранешна сопруга Џена Деван ќе користат апликација за заедничко родителство која ќе им помогне заедно да ја подигаат нивната ќерка иако повеќе не се во брак.

Чанинг и Џена разводот го финализираа овој месец, а пред речиси две години –  во април 2018 –  најавија дека ќе се разделат, по девет години брак.

Таблоидите тврдат дека тие се согласиле за условите на договорот за старателство врз шестгодишната Еверли.

Според американскиот таблоид „Ју-ес Викли“, Џена и Чанинг ќе се потпрат на апликацијата OurFamilyWizard која што е осмислена за да им помогне на разведени родители во комуникацијата, со цел правилно да го следат нивните распореди кога станива збор на нивната ќерка.

Апликацијата им овозможува на родителите да го зацртаат нивниот распоред, како и да наведат какви било трошоци, да следат дневни активности и да споделуваат пораки кои што ниеден од нив двајцата не може да ги уреди (едитира), избрише или повлече.

А што се однесува до азедничкото старателство , Чанинг (39) ќе биде со Еверли во текот на неделата (од понеделник до недела), а Џена (39) ќе биде со ќерката секој втор викенд.

 

Треба да знаете
Последни објави