Американската држава Калифорнија ќе обезбеди речиси триста од зградите во нивна сопственост за употреба од бездомници, изјави гувернерот Гавин Њусом.
Њусoм, кој е од Демократската партија, голем дел од својот годишен говор го посвети на состојбата на државата, на законодавството што ќе помогне во решавањето на кризата со бездомниците.
Бројот на бездомници во Калифорнија достигна 151.000 минатата година (16 отсто од популацијата во државата).
Гувернерот на Калифорнија вети дека ќе потроши дополнителни 750 милиони долари оваа година за заштита на бездомници. Њусом истакна дека повеќето бездомници се психички болни и дека решавањето на здравствените проблеми е дел од решението за кризата со бездомниците.