Крвава ноќ во наргиле-барови во Германија со десет жртви

Во наргиле-баровите во германскиот град Ханау во близината на Франкфурт во средата вечерта маж убил девет луѓе, а во неговиот стан е пронајдено уште едно беживотно тело. Човекот за кого се смета дека извршил десет убистав во една ноќ истотака е пронајден мртов во сопствениот стан.  Покрај убиените пронајдени се и четири ранети лица.

Според медиумите лицето кои го направило овој масакар е десничар, а полицијата пронашла писмо и видео кои ги оставил злосторникот. Прегледувањето на тие материјали би можеле да ги откријат мотивите за десеткратното убиство на недложни луѓе.

Според „Билд“ извршителот на грозоморниот чин бил Германец, радикален десничар кој делувал со екстремистички мотиви. Повикувајќи се на извори од полицијата медиумите пренесуваат дека во неговото возило е пронадејна муниција, но и дозвола за поседување на ловечка пушка.

Според локалните медиуми убицата напрво влегол во еден наргиле-бар во центарот на градот и според очевидците испукал осум или девет куршуми. По ова тој се префрлил на другиот дел од градот и повторно пукал во лица од друг наргиле-бар.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави