Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека со решение на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев формирана е Комисија која поради ограничениот број обрасци на патни исправи, по утврдени критериуми одлучува кои барања на граѓани се итни и неодложни да бидат процесуирани во итна постапка со цел издавање на патни исправи.
Имајќи го во предвид наведеново , ги известуваме граѓаните дека барањата за издавање на патни исправи, поткрепени со соодветна документација ,треба да бидат доставени до подрачните единици на Одделот за граѓански работи , со назнака дека се работи за ИТНИ барања за патни исправи кои се во надлежност на комисијата.
Барањата неопходно е да содржат телефонски број на лицето-подносител.Воедно ја информираме јавноста дека на 19.02.2020 година , Комисијата го одржа првиот состанок на кој беа разгледани вкупно 77 барања од граѓани.