– Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел вечерва ја прекина работата на самитот на ЕУ за долгорочниот буџет на Унијата за 2021-2027 година за да оддржи билатерални преговори со лидерите на оделни држави, изјави вечерва неговиот претставник Баренд Лајц.
-Претседателот Мишел ја запре работата на самитот за да оддржи билатерални разговори со лидерите, рече тој.
Мишел ќе оддржи оделни преговори со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.
-Во моментов нема компромис, позициите се различни. Мишел ќе се се обиде да ги доближи ставовите преку оделни средби со определени лидери, рече дипломатот.
Во Брисел се оддржува итна средба на високо ниво на ЕУ за повеќегодишниот буџет на Унијата.
Како резултат на излегувањето на Велика Британија од ЕУ по 2021 година буџетот на Унијата ќе загуби 11 милијарди евра годишни уплаќања, бидејќи Лондон беше вториот нето донатор по Германија. Лидерите на ЕУ треба да решат за колку ќе се зголемат уплаќањата на земјите, а субвенциите за европските земји корисници ќе се намалат во периодот 2021–2027 година.
Буџетот на ЕУ се темели на седумгодишните рамковни буџетски планови. Овој систем е создаден за да ја гарантира стабилноста на европскиот буџет и непрекинатоста на програмите на ЕУ, и покрај политичките промени во државите од Унијата.
Одобрувањето на секој буџетски план се спроведува во услови на силни противречности меѓу земјите донатори и корисници на буџетските пари. Заедничките уплаќања на сите држави кон буџетот на ЕУ за крајот на седумгодишниот период 2014-2020 година уште во 2011 година беа испланирани на 908,40 милијарди евра.
Предлогот за нов седумгодишен буџетски план, подготвен од претседателството на Советот на ЕУ, предвидува финансирање на ниво од 1,087 трилиона евра за целиот седумгодишен период 2021-2027 година. Тоа е приближно 1,07 отсто од заедничкиот седумгодишен БДП на земјите од ЕУ. Истовремено Германија, еден од главните уплаќачи во буџетот на ЕУ, предложи определување на буџетски лимит на ниво од еден отсто од БДП на сите земји од Унијата. Институциите на ЕУ, истовремено, предлагаат уплатите во буџетот на ЕУ да изнесуваат 1,105 трилиона евра, односно 1,08 отсто од заедничкиот седумгодишен БДП на ЕУ.