Информатичарот кој ја измисли конадата копи-пејст почина на 74 години. Едноставната команда за сечење, копирање и залепување на секого му го олесни работниот дени заштеди милиони часови. Зад тој концепт стои Лери Теслер, еден од пионерите на Силициумската долина.
Теслер почнал да работи во Силициумската долина дво раните 1960-ти, откако студирал компјутерски науки на Стенфорд. Во време кога компјутерите беа недостапни за повеќе луѓе, Теслер се вработил во истражувачкиот оддел (PARC)во 1973 година. Тој специјализирал за развој на кориснички интерфејс, или како да ги направи ИТ системите полесни за употреба.
Тогаш тој го развил системот за сечење, копирање и лепење, кој со екот на годините на многумина им заштеди милиони и милиони часови работа. Овој концепт на команди е познат до нас денес и практично е составен дел на која било канцелариска алатка.