„Панцир С1“ е хибриден топовско-ракетен систем кој обединува ракети „земја-воздух“, два топа калибар 30 милиметри, набљудувачки и нишански радар, како и оптички блок за надзор и управување со огнот.
Системот е поставен на камион „Урал“ со категорија 10 тони и конфигурација 8х8.
Системот со контејнерски облик може едноставно да се постави и на оклопен транспортер или помал брод.
Основната намена на „Панцир“ е заштита на важни точки како аеродроми, командни места, комуникациски јазли. Со овој систем може да се има ефикасна одбрана од авиони, хеликоптери, крстосувачки ракети, беспилотни летала и наведувани бомби. Со „Панцир“ може да делува и против тенкови, оклопни транспортери, борбени возила на пешадијата.
-Ова е оружје што гарантира долготраен мир. „Панцир“ станува дел од нашето вооружување, рече министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин.