– Британската полиција смета дека нападот со нож во централната џамија во Лондон не претставува терористички акт, се посочува во соопштението на прес службата на Скотланд Јард.
-Истражителите на инцидентот во џамијата не сметаат дека тој е поврзан со тероризам, соопшти полицијата.
„Мажот (29), кој присуствувал на молитвата, е задржан внатре во џамијата под сомнение за обид за убиство”, се наведува во друго соопштение на Скотланд Јард.
Жртвата на напаѓачот е возрасен маж, кој добил неколко убодни рани. Тој е однесен во болница и според лекарите нема опасност за неговиот живот.
Британскиот премиер Борис Џонсон реагираше за инцидентот и на Твитер напиша дека е „силно натажен од нападот во централната џамија во Лондон”.