ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Христијан Мицкоски не можат да избегаат од фактите кои потврдуваат дека најголемите притисоци врз медиумите и новинарите беа за време на 11 годишниот криминален режим на нивиот диригент Никола Груевски:
Факт број 1: Државата беше на дното во Европа по медиумски и новинарски слободи.
Факт број 2: Преку злоупотребени институции се изврши полициски упад во првата и најголемна приватна телевизија.
Факт број 3: Новинари завршуваа во затвор само затоа што аргументи пишуваа за неправилностите на институциите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Факт број 4: ВМРО-ДПМНЕ обележуваше новинари уредници како државни непријатели и поттикнуваше физички и вербални напади кон критички настроени новинари, за кој никој никогаш не одговараше.
Факт број 5: ВМРО-ДПМНЕ со државни пари поткупуваше медиуми за да се одржува режимот на власт
Факт број 6: ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски и денес како опозиција со странски, црни пари финансира медиуми кои работат контра успесите на државата и против интересите на граѓаните.
Тоа е односот на ВМРО-ДПМНЕ кон новинарите и медиумите. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ниту можат ниту сакаат да донесат слобода за медиумите. Тие сакаа пак да го донесат режимот и контролата врз медиумите, но тоа граѓаните нема да им го дозволат.
Граѓаните нема да дозволат повторно да бидеме на дното по медиумски слободи, нема да дозволат упади и затворање на медиуми, нема да дозволат напади и апсења на новинари, нема да дозволат државни пари да се трошат за медиумска промоција на режимот.
На 12 април граѓаните ќе порачаат: Режим никогаш повеќе!