Наќе Чулев потврди дека Агенцијатаза разузнавање им плаќала за телефоните на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова 5-6 години- пишува Телма. Како причина за тоа тој вели дека е безбедна комуникација со разузнвачката служба која е во директна надлежност на претседателот. Покрај редовните, и претседателот, но и неговата сопруга имале и службени телефони преку агенцијата. Во една од „фејсбук-битките“ со Чулев, дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска тврдеше дека Чулев како директор платил 12 илјади евра за телефонски сметки на претседателското семејство Иванови.
-Сумата не е голема бидејќи станува збор за повеќе години, а целта беше од безбедносни причини, изјави денеска Наќе Чулев.