Денеска остварив средба со моите советници од Тим земјоделци.
Со нив разговарав за приоритетите на земјоделците и проектите од кои земјоделците имаат потреба. Дел од сугестиите ќе влезат во нашата програма за претстојните парламентарни избори, но и за лошите политики на СДСМ во изминативе 3 години.
Советниците ми посочија дека сеуште има недоосплатени субвенции . Земјоделците посочија дека при откупот на земјоделските култури им се запираат по 2% од УЈП на име данок, пари кои Заев и Димковски ветија дека ќе им бидат вратени на земјоделците, но се уште ништо не е направено.
Земјоделците стравуваат дека акумулациите се празни и дека претстојната година ќе биде катастрофална, како за оризот така и за сите земјоделски култури.
Лозаропроизводителите алармираа за ставање на заштитна цена и уште сега да се седне на иста маса со винарските визби.
Алармирав дека државата мора да им помогне и на винарските визби, со цел сигурен откуп.
Тутунарите посочија на популизмот на власта, која се фали со 80 денари откупна цена на тутунот од прва класа, но не кажуваат колкава е бројката на тутун од прва класа, односно само мал процент на земјоделците земаат 80 денари субвенции.
Тутунарите нагласија дека тутунот и да се дооткупи, тој ќе биде по многу ниска цена.
Сточарите посочија дека иако на светскиот пазари цената на килограм јагнешко е иста, а во Македонија цената паѓа, иако целото производство е наменето за извоз.
Сточарите го демантираат Димковски и посочуваат дека во Македонија нема повеќе од 400.000 овци, односно дека оваа гранка е во пад.
Нотиравме проблеми и во делот на градинарското производство,земјишната политика.
Констатиравме дека земјоделството е во катастрофална состојба и дека по 12 ќе мора да следува обнова во секоја гранка.