Министерот за внатрешни работи Хорст Сехофер изјави дека е задоволен од договорот за нацрт-законот за таканаречената основна пензија.
„Ова не е само слепо расфрлање со пари, туку за солидарна поддршка на оние кои и покрај долгогодишниот работен стаж немаат доволно средства за живот на старост“, рече Сехофер.
Министерот за труд, Хубертус Хеил, објави дека ова е веројатно најголемиот социјален проект од овој изборен период. „Основната пензија ќе ја направи Германија поправедна земја“, додаде Хил.
Основната пензија е еден од најголемите проекти на четвртиот кабинет на Ангела Меркел, а тоа е мерка со која би се подобрила финансиската состојба на оние пензионери кои, и покрај долгогодишната работа, добиваат многу пониска пензија од просечната.Како што се наведува, тоа се претежно лица со пониски квалификации или лица кои работеле скратено работно време, така што плаќањата кон пензискиот фонд биле пониски од осигурениците со просечен или поголем приход.Само граѓаните кои плаќале во пензискиот фонд најмалку 33 години би биле квалификувани за основна пензија.
Основната пензија ќе се финансира со даночни фондови, а треба да стапи на сила на почетокот на следната година.