Основачката на синџирот за онлајн трговија на мало „Вајлдберис”, Татјана Бакалчук е на врвот на листата на најбогати жени во Русија, објави „Форбс”. Според публикацијата, нејзиното богатство достигнува 1,4 милијарди долари.
Бакалчук ја надмина лидерката во списокот во изминатите години, Елена Батурина, чие богатство е 1,2 милијарди долари.
Според Форбс, во 2019 година, прометот на „Вајлдберис” се зголемил за 88 отсто и изнесува 223,5 милијарди рубли.
Бакалчук, за првпат се наоѓа на списокот на најбогати луѓе во Русија во 2018 година, кога нејзиното богатство беше проценето на 600 милиони долари. Една година подоцна, тоа скоро се удвои и се најде на второто место по Батурина.