Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е убеден оти Кина „многу се труди” да ја сузбие епидемијата на коронавирусот.
Според последните податоци, бројот на збаолени во провинцијата Хубеи се намалува, иако досега од Ковид-19 починаа 2.126 лица, а заразени се 75.600.
Убеден сум дека многу се трудат. Мислам дека со тек на време бројките ќе бидат подобри, изјави Трамп во интервју за телевизијата Фокс.