– Хрватската Влада денеска ја прифати оставката на Главниот државен обвинител Дражен Јеленчиќ, откако беше присилен да остапки заради своето членство во масонска ложа.
Владата наведе дека ќе побара од пратениците да ја потврдат оставката на Јеленчиќ, пренесоа американските медиуми.
Јеленчиќ во прв момент одби да поднесе оставка, изјавувајќи дека членството во братската организација не влијаело врз неговата независност. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и другите хрватски политичари, меѓутоа, инсистираа тој да го напушти местото на Главен државен обвинител.
Пленковиќ на седница на Владата изјави дека членството во организација или ред, како масонската ложа, може да ја поткопа довербата на јавноста во интегритетот на луѓето кои управуваат со највисоките институции.
-Сакам да нагласам дека тоа не значи дека Главниот државен обвинител постапувал спротивно на законот или дека својата должност не ја вршел објективно и независно, рече Пленовиќ
„Оваа должност не остава простор за сомнеж во независноста или објективноста”, истакна хрватскиот премиер.
Јеленчиќ стана хрватски Главен државен обвинител во 2018 година.