Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на Инстаграм, откако се искапе во ледена река.
Тој заминал на планина со еден пријател и објави „Ноле предизвик“ во кој ќе капе во ладна река, а видеоснимката сигурно ќе привлече големо внимание и ќе охрабри многу негови фанови да го пробаат овој предизвик.
„Ја преживеавме планинската вода за една минута и 45 секунди. Се чини лудо, но преку разни техники можеме да се смириме доволно за да преживееме во екстремни услови како овој и поефикасно да се справиме со стресот во нашите животи, а добро е и за умот“, напиша Ноле.