Соопштение за јавност – реакција на изјава oд прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да лиферува измислици и вештачки креирани сценарија, во врска со набавки во Министерството за одбрана. Со ова ВМРО-ДПМНЕ само го потврдува својот очај, безидејност и немањето што да им понуди на граѓаните, освен лаги и измислени конструкции.
Извршителот Мицкоски знае дека го чека пораз на 12 април и одговорност за сите криминали на режимот. Затоа штанца лажни вести. Машините за кои обвинува ВМРО-ДПМНЕ, се набавени во јавна тендерска постапка при што до крај се испочитувани сите законски одредби.
За разлика од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ денес постапките се транспарентни и секоја компанија има можност да конкурира, денес тендерите не се даваат во партија, цените не се договараат тајно и по телефон, како во времето туку со јавно објавени постапки.
Тоа за опозицијата е несфатливо, но тоа е почитување на законот.
Затоа, граѓаните на 12 април ќе го поразат лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!