Градежен работник со тешки повреди донесен на Клиника

Вчера на комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен З.П.(50) од селото Јурумлери, Скопско, вработен во градежна фирма од Скопје.

Тој се повредил околу 13:00 часот додека извршувал работни задачи на објект во градба на ул. Радишанска во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен и трудов инспектор.

Треба да знаете
Последни објави