– Европската Комисија соопшти дека одобрува две нови барања за регистрација како заштитена географска индикација – хрватското сирење „Бјеловарски кваргл” и француското “маслиново масло од Прованса”.
Хрватското сирење доаѓа од регионот Бјеловар-Билогора и се произведува со свежо кравјо млеко на кое му се додава, по цедењето, мешавина на сол и бибер и потоа рачно се обликува и се применува традиционален начин на сушење и пушење. Европската Комисија оцени дека процедурите на фабрикација оправдуваат заштита на потеклото, како и 1467 други европски производи.
Француското маслиново масло од Прованса денеска исто така доби одобрение од европските власти. Ова масло се произведува во одредени зони во регионот Прованса и е составено во износ од дваесет отсто од специфични видови маслинки.
– Овој состав го разликува од другите маслинови масла од соседните региони и му дава посебен горчлив или лут шмек, оцени Европската Комисија.