Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговарале со шефот на руската држава Владимир Путин, изразувајќи ја својата загриженост поради хуманитарната ситуација во сирискиот регион Идлиб и повикаа на итен прекин на судирите, соопшти кабинетот на Меркел.
Разговорот меѓу тројцата лидери се случил за време на самитот на ЕУ во Брисел.
– Меркел и Макрон јасно кажаа колку се загрижени поради катастрофалната хуманитарна ситуација во сириската провинција Идлиб. Двајцата побараа веднаш да прекинат борбите и да се овозможи хуманитарна помош за луѓето, изјави германски портпарол.
Според германскиот владин кабинет, двајцата лидери изразиле волја да се сретнат со Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со цел да се постигне политичко решение.