Путин се надева на подобри односи со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека се надева дека ќе се постигне договор со украинскиот претседател Володомир Зеленски за подобрување на односите меѓу двете земји.

-Секогаш постои надеж, рече Путин во интервју за Тасс.

Путин во интервјуто оценува и дека е дојдено до промена во ставовите на неговиот украински колега.

-За жал, видовме дека Зеленски по враќањето од Париз, ( каде беше оддржан самитот на Нормандиската четворка за украинската криза) почна да зборува за потребата од измена на спогодбата од Минск. Тоа отвора многу прашања……, рече Путин.

Истовремено, Путин потсетува дека Русија и Украина успеале да се договорат за размена на затвореници, како и за транзитот на гас низ Украина.

Рускиот претседател кажа и дека нивната соработка со Украина вознемирува многу земји и дека затоа ќе сторат се за да ги раздвојат, но не сакаше да прецизира на кои земји мисли.

Зеленски, кој стана украиснки претседател пролетта 2019 година, изјави дека негова главна цел е завршување на конфликтот во источна Украина и искажа подготвеност да се имплементира спогодбата од Минск.

Тасс потсетува дека на иницијатива на Зеленски дошло и до првиот телефонски разговор меѓу украинскиот и рускиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави